Категории

Која е вистинската разлика помеѓу EAU DE TOILETTE и EAU DE PARFUM

Вистинската разлика помеѓу тоалетната вода и парфемот

Без оглед на тоа дали ќе изберете да користите Eau de Parfum или Eau de Toilette, мирисот кој ќе го одберите е исклучително посебен. Мирисите често ги поврзуваме со одреден период од својот живот, луѓе или некоја емоција. Можеби некој мирис никогаш не и го одбрале за себе, но ве потсетува на вашата мајка, баба или најдобра пријателка па тој сепак ви прираснал за срце.

Разликата помеѓу формулата на Eau de Parfum (EDP) и неговиот роднина Eau de Toilette (EDT) мирисот, е всушност многу едноставна. Разликата се сведува на концетрацијата на мирисот. Концетрацијата на тоалетната вода е измеѓу 8% и 12%, додека концентрацијата на парфемот е измеѓу 12% и 18%. Сепак, тоа може да варира и од бренд до бренд.
Без оглед на се, концентрацијата на мирис кај парфемот е секогаш поголема од таа на тоалетната вода.

Тоалетната вода е препорачана да се користи како дневна варијатна, додека парфемот кој има поголема длабочина, е прикладен за вечерните часови. Но исто така важна улога игра и температурата и годишната доба. Кога надвор е топло и концентрацијата на влада во воздухот е поголема, пожелно е да секористи Eau de Toilette, додека во ладната доба од годината пожелно е да се користи Eau de Parfum, кој може да понуди поголема топлина и длабочина.