Овој вид на шампон жените го користат со години, а постојат голем број предности но и маани при неговата употреба
Голем дел од козметичките производи денес во својот состав содржат силикони и тоа не зависи од цената нити од брендот.
Силиконот особено се користи кај шампоните за коса кои ви овозможуваат за брзо и кратко време да ги обновите оштетените врвови.
Една од главните предности на шампоните со силикони е тоа што практично ја поправаат оштетената коса и на тој начин помагаат при ослободувањето на сувите врвови и зголемената кршливост на косата.
Исто така, оваа состојка ви овозможува убав мазен изглед на косата и лесно расчешлување, што е доста важно за оние на кои им е потребна соодветна нега. Сепак, тоа не е се. Силиконот цврсто се обвиткува околу секое влакно поради што е во можност да го заштити од негативните влијанија од надворешанта средина а исто така и го олеснува сушењето и обликувањето на нескротливите влакна.
Исто така се смета дека шампоните кои содржат силикони помагаат да се продолжи отпорноста на новата боја на коса и го спречуваат испаѓањето на пигментот на бојата.
Меѓутоа, тука завршуваат сите позитивни карактеристики на оваа состојка.
Убавина но само на изглед
И покрај бројните позитивни карактеристики, силиконот не е толку добар колку што се чини на прв поглед. Бидејќи тој е синтетички производ, не донесува никаква здрава корисност за косата. Ја обвиткува однадвор што спречува продирање на хранливите материјали во внатрешната структура на косата. Како резултат на тоа, долгата употреба на таквите супстанции доведува до влошување на состојбата на косата. Со текот на времето го губи својот природен сјај, стана тенка и безживотна.
Исто така, поради честата употреба на силиконите нивната количина само се насобира во косата и поради што негативниот ефект станува се повидлив.
За да ја вратите природната убавина на косата, размислете за тоа да го промените шампонот со некој природен кој не содржи силикони. Меѓутоа, немојте да очекувајте уште по првото миење да добиете видлив ефект. Природниот сјај и сјајот на косата ќе се врати дури по 2-10 недели редовна употреба. Во некои случаи овој период може да биде околу шест месеци.