Категории

Козметички процедури во бременоста: Што е безбедно?

Негата и одржувањето на убавината за жените е од особено значење во секој период од животот, па така и во бременоста. Поради промените кои настануваат во телото на жената во текот на бременоста, особено е важно да не го запостави својот изглед и да се посвети на себе и во овие месеци. Од ботокс па сѐ до хемиски пилинзи, Олгица Стојимировиќ, сопственичката на Anti Aging Center by Promoitalia и воедно експерт на оваа тема, објаснува во кои третмани може да уживате во текот на вашата бременост.

Оние кои редовно користат естетски третмани – без оглед дали се тоа хијалуронски филери, ласерски третмани или пилинзи – потребно е навреме да се запознаат со евентуалните ризици од процедурите пред да останат бремени. Што ги советува Олгица своите клиенти кои можеби планираат бременост? Дали филерите се безбедни за употреба во бременоста и доењето?

– Секогаш постои ризик со било каква медицинска интервенција – вклучувајќи ги и хијалуронските филери. Значи, зошто да ризикувате во еден од најдрагоцените периоди во вашиот живот? Исто така, тежината и балансот на течности се менуваат за време на бременоста, а со тоа може да се промени и ефектот кој го даваат филерите. Ги советувам клиентите да немаат никакви инјекции освен ако тоа е апсолутно неопходно – односно од здравствени причини.

А ботоксот?

– Нема клинички докази што укажуваат на тоа дека ботоксот е небезбеден во бременоста или доењето, но практично е да не се инјектира токсин кај бремени жени за да не се случи нешто со бебето. Не се спроведува клиничка студија на оваа тема поради етички размислувања.

Доколку некоја жена стави ботокс додека сѐ уште не знае дека е бремена, дали може да предизвика проблем врз своето здравје и здравјето на детето?

– Ова се случува многу често и нема клинички докази или дури и анегдотски докази за да се каже дека е опасно. Видовме многу убави и здрави бебиња родени од мајки кои подоцна дознале дека биле бремени за време на нивниот последен третман со ботокс.

Колку долго треба да чекате после бременоста за да ставите ботокс?

– Штом престанете да доите, во ред е да започнете со ботокс, но најдобро е да почекате додека вашата кожа и хормони не се смират.

Кои пилинзи за кожа се безбедни во бременоста?

– Лесни површински пилинзи на база на млечна киселина и гликолна киселина се во ред, но само бидете подготвени дека кожата може да реагира поинаку од вообичаено во бременоста поради хормоналните промени.

Може ли да се прават ласерски третмани на лицето?

– Реакциите на кожата може да бидат непредвидливи за време на бременоста и ризикот од хиперпигментација е поголем, па затоа би советувала да се избегнуваат ласерските третмани.

Дали иглените процедури се сметаат за безбедни?

Игличките се побезбедни, се додека се користат плитки игли (како 0,5 мм). Не сакаме да го носиме ризикот од појава на хиперпигментација со претерување.

Како што истакнува Олгица, во текот на бременоста жените најчесто сјаат и изгледаат свежи – а со тоа и помлади, што особено влијае на нивната убавина. Доволно е да ги следите препораките на докторите на Anti Aging Center by Promoitalia за нега на кожата во бременоста  – и уживајте во неа!

Прегледи:
832
Објавено на:
25.06.2019