Категории

Култниот PLAYBOY без голотија? Магазинот во поинакво, модерно издание

Култниот магазин Плејбој, чии страници десетици години беа исполнети со убави и згодни жени, многу познати ѕвезди и секако сите во разголено издание, сега прави чекор во друга насока, креирајќи поинакво, модерно издание.

Сите беа во шок кога Плејбој најави дека ја трга голотијата од својот магазин, прво бидејќи тоа беше целата поента на магазинот и второ бидејќи никој од Плејбој не се грижеше околу проблемот со објективизирање жени и презентирање лажни стандарди кога станува збор за секс и женското тело.

Сите мислеа дека со тоа соопштение, животот на магазинот е дојден на крај. Сепак се чини дека Плејбој влегува во новата дигитална, милениумска, хипстер ера. Во своето мартовско издание тие ја презентираат нивната одлука за тоа во која насока се движи магазинот. Sarah McDaniel, која е модел и инстаграм ѕвезда е на насловната и замислете, не е гола. Таа е во долна облека, со испружена рака, како да слика слефи.

Theo Wenner е фотографот заслужен за насловната страна на којамоделот ги поздравува читателите, како од познатата апликација Snapchat со сугестивното „heyyy“ и им посакува добредоје во новата ера за Плејбој.

 

Прегледи:
558
Објавено на:
09.02.2016