Категории

Купил јајце од супермаркет и сега има пиле! (ФОТО)

Јутјуберот, Џош Питерс, одлучил да направи многу интересен експеримент и од јајца од препелица купени во супермаркет добил мало пиле.

Сите знаеме дека јајцата од супермаркет се неоплодени и од нив не може да излезе пиле, но истражувањата покажуваат дека често се случува оплодени јајца да завршат во пратка со неоплодени и така да бидат доставени во супермаркет.
Џош Питерс одлучил да купи неколку паковки јајца и да види дали ќе успее да добие мало пиле. Според неговите податоци, шансата да излезе пиле е поголема кај јајцата од препелица, па затоа тој купил 3 паковки јајца од препелица и 1 од кокошки. Јајцата ги ставил во мал инкубатор. Тие таму биле повеќе од 20 дена.
Резултатот е една мала препелица.


Џош бил воодушевен и почнал да ја одгледува малата препелица. По една недела, одлучил да и даде име. Го замолил популарниот актер Крис Хемсфорт да биде кум на препелицата.
Џош додал дека многу ја засакал препелицата, но ќе ја однесе на фарма каде што таа ќе може да има нормален и среќен живот.

Прегледи:
1258
Објавено на:
21.06.2019