„Не биди себична“. Оваа фраза повеќето од нас постојано ја слушале додека растеле. Нашето однесување варирал од бесните реакции кои сме ги имале како деца кога не сме ја добиле заслужената играчка до уште поголеми разочарувања во возрасната доба, кога не сме добиле многу шанси кои ни припаѓале во кариерата и животот.
Не научиле дека себичното однесување не е прифатливо и дека ставањето на туѓите чувства и потреби е приоритет на нашата лична листа, непишано правило за функционирање во денешниот свет.
Кога научивме дека е во ред понекогаш да се биде себичен?
Себичен, на начин да се води поголема грижа за менталното и физичкото здравје, отколку за туѓите потреби.
Претпоставуваме дека одговорт на ова прашање е поинаков за секого.
Многу од нас научиле во своето тинејџерство дека себичноста е добра работа, откако сме биле предмет на малтретирање врз основа на полот, изгледот, интелигенцијата, и говорот.
Созревањето подразбира да ги прифатиш сопствените грешки, да превземаш одговорност за своите постапки, да научиш како да растиш и напредуваш, да ги оставаш сите тие ситуации зад себе. Во кој миг престануваме да се извинуваме за разноразни глупости? Во кој миг сфаќаме дека нашето ментално здравје е поважно од било што?
Ако чувствуваш дека спрема тебе некој се однесува некоректно или си несреќен самиот со себе и својот живот, тогаш е сосема во ред да бидеш себичен.
Еден ден се будиш и едноставно ништо од тоа веќе не ти е важно, освен самиот ти. Конечно ја соглесуваш својата сопствена вредност, колку заслужуваш и колку кошта твојата среќа и тогаш ги одредуваш своите нови цели.
Ова бара многу труд, но наврзо сфаќаш дека премногу време си потрошил во тага, и си бил изгубен.
Ако не напредуваш во сопствниот живот, ако нешто те сомнува, ослободи се од тоа. Ослободи се од негативните нешта во твојот живот. Постави си цели и направи се што е во твоја моќ да ги постинеш. Кога ќе тргнеш, не се седне на свое место.
Земи си време за себеси, прави ги нештата кои ги сакаш и те прават среќен, биди сам на себе прва личност во твојот живот. И во најмрачните времиња, затоа што на крајот на денот, ти си оној кој живее со себе а не другите!