Категории

Лекување на коронавирусот со помош на антитела – Новата метода на која медицината се надева

Моментално сеуште не постои вакцина, но лекарите веруваат дека антителата би можеле да помогнат во опоравувањето

Лекарите забрзано работат на пронаоѓањето на лекот, а новото истражување објавено во листата „Зборник на трудови на Националната научна академија“, открива дека постојат налози дека лекот би можел да се пронајде наскоро.

Првото истражување покажало дека антителата на личноста која прележала коронавирус може да биде корисна и во лечењето на другите пациенти со тешка здравствена слика, изјави докторот Хилари за “Express”.

Студијата опфаќа 10 тешко болни пациенти, со старосна граница помеѓу 34 и 78 години кои имале отежнато дишење и болки во градите. Сите 10 пациенти примиле 200мл трансфузија на крвна плазма.

Тоа значи дека била употребена крвна плазма богата со антитела на пациентите кои успешно се опоравиле од вирусот.
Секој кој ќе го прележи вирусот, создава одредени антитела и имунитет на коронавирусот. Нивните антитела би можеле да им помогнат на другите да се опорават, веруваат лекарите.

ИСтражувачите забележале намалување на сите симптоми кај тешко заболените пациенти после 3 дена, вклучувајќи кашлица и температура после трансфузијата на плазмата.
Покрај тоа, подобрена е и функцијата на црниот дроб и плуќата, како и нивото на кислород, додека нивото на антитела останува високо после трансфузијата.

Лекарите ги означија резултатите како „извонредни“, но оваа терапија не е нова идеа – таа е користена во текот на шпанската епидемија на грипот во 1918 година.

Прегледи:
432
Објавено на:
13.04.2020