Изгледот денес е преценет, и тоа многу. Поставени се толку тесни рамки за она што се смета за идеално.
Игнорирајте се што ви зборуваат другите. Важно е само како вие се чувствувате, а годините и онака се само број. Ако во вашата кожа се чувствувате пријатно, а нема причина да не бидете, ништо друго не е важно. Не оптеретувајте се со брчките, тие ви дале смисла на вашиот живот. Не оптеретувајте се со губењето на многу способности, тие ве довеле до многу цели. Можете да се гордеете со себеси.
Кој вели дека морате да изгледате помладо од своите години или ако сте премлади морате да изгледа повозрасно. Изгледот е само една компонентна на личноста и тоа многу малку важна. Кога животот го поминувате со личност која има идеален изглед но тежок карактер, дури тогаш ќе сфатите колку изгледот е всушност небитен. Едноставно заминете од оние кои сметаат дека изгледот е единственото најважно нешто за да задржите некого.
Надворешнио изглед воопшто не е важен кога со текот на времето ќе пропадне а карактерот ќе исплива на површина и уште повеќе ќе огрди. Не можете да промените никого освен самите себеси.
Душата е онаа која секогаш ќе ви дава насока, личност и карактер. Карактерот не е само нешто со кое се раѓаме, тој може да се изгради, да зајакне и да стане благороден.
Кога ќе почнете да гледате со други очи, ќе сфатите колку светот е сложен.
Работете на себеси и само тогаш ќе ја привлечете вистинската личност во вашиот живот, и тој ќе биде вистински убав.