Категории

Луѓето немаат корени – Навикни се на тоа дека не можеш да задржиш никого покрај себе засекогаш

Она што не можеш да го промениш – прифати го, така најлесно ќе можеш да продолжиш понатаму.

Во животот мораш да сфатиш дека некои нешта нема да траат засекогаш. Некои пријателства и љубови едноставно не се тука за да останат, туку за да те научат на нешто важно а потоа да те ослободат и препутат на иднината и нештата кои се наменети да ти припаѓаат.
Не тагувај по оние кои те оставиле и ти го завртиле грбот, зошто би тагувал по некој на кого не му било важно дали сте дел од неговиот живот? На кого му е сеедно дали ќе го слушне вашиот глас денес или не. Зошто би посакувале таква личност и би ја стискале цврсто кога таа не сака да остане?
Напуштањето боли, но уште повеќе држењето до нешто кое не сака да остане.

Никого не можете да го задржите, луѓето немаат корени. Навикнете се на самотијата, таа и не е така лоша еднаш кога ќе се прифатите себеси како прекрасно друштво. Колку побрзо ќе го прифатите тоа нешто, толку полесно ќе се почувствувате полесни и по спокојни.

Кога вистинските личности ќе пристигнат покрај вас, тогаш се ќе ви биде јасно, и ќе знаете да уживате во вашата слобода – заедно.

Прегледи:
495
Објавено на:
18.06.2020