Направете вкусен десерт за целото семејство!
Состојки:
- 150 г мелен кекс
- 250 г путер
- 400 г слатка павлака
- 4 лажици кисела павлака
- 4 лажици мед
- овошје по избор
- листови нане
- овошен сируп по желба
Подготовка:
Кексот помешајте го со растопен путер, па смесата распоредете ја по дното на калапот за торта и оставете во фрижидер 10-15 минути, да се стегне.
Во блендер ставете ги двата вида павлака и медот, па пасирајте сѐ додека не добиете хомогена смеса. Потоа, распределете ја преку кората од кекс и повторно вратете ја во фрижидер, овој пат половина час. Овошјето со лажица нанесете го преку колачот, прелијте со сируп и украсете со листови нане.