Категории

Мајка Тереза: „Биди капка бистра вода која ќе ја исчисти валканоста на светот“

„Знаете, никогаш не сакав да го променам светот. Само настојував да бидам капка чиста вода во која ќе може да се огледа Божјата љубов. Дали тоа ви изгледа како мало нешто?“

Еднаш еден новинар се обидел да ја испровоцира Мајка Тереза:
„Мајка Тереза, вие сега имате седумдесет години. Кога ќе умрете, светот ќе изгледа како што изгледал и пред вас. После сиот труд кој сте го вложиле што сте промениле во светот?“

Без нималку трпение и со насмевка која освојува, таа му одговорила: „Знаете, никогаш не сакав да го променам светот. Само настојував да бидам капка чиста вода во која ќе може да се огледа Божјата љубов. Дали тоа ви изгледа како мало нешто?“

Како што се случувало често, во просторијата настанал молк. Никој не се осмелил да каже ништо. Мајка Тереза повторно се завртила спрема новинарот па му рекла: „Зошто и вие не се обидете да станете капка чиста вода? Тогаш ќе не има двајца. Дали сте оженет?“

„Да, мајко Терезо.“

„Кажете и го ова и на вашата сопруга, тогаш ќе не има тројца. Дали имате деца?“

„Да, три деца, мајко Терезо.“

„Кажете им и го на вашите деца. Тогаш ќе бидеме веќе шест.“

Прегледи:
895
Објавено на:
08.05.2020