Категории

Македонски пар имаше необичен и авантуристички меден месец кој мора да го видите

Адреналин, природа, истражување…тоа се нештата кои им ја исполнуваат душата на некои луѓе и сосема е логично кога овие двајца вљубеници во природата и активниот начин на живот своето свадбено патување наместо одмарајќи на плажа одлучиле да го поминат во оваа така наречена „Балканска авантура“.

 

A post shared by Ognen Ivanovski (@ognen_) on


Како не би била „Балканска авантура“ кога патувањето опфаќа рафтинг на Тара, истражување на прашумата Перучица и Трновачко Езеро, офроуд сафари во прекрасниот Национален парк Сутјеска и уживање во убавините на Златибор, секако зачинето со адреналински активности.

Како што можеме да видиме, јуни бил навистина прекрасен за Наташа и Огнен Ивановски, кои после својата свадбена прослава се пуштиле во оваа авантура.

Двајцата се активни, го користат секој слободен момент да го поминат во природа и планинарење, а интересно е што Огнен ја побарал Наташа за своја сопруга на највисокиот балкански врв Мусала, па ова свадбено патување не е изненадување и било совршено за нив.

 

A post shared by Ognen Ivanovski (@ognen_) on

Нивната авантура започнала во Златибор, со адреналински активности, а потоа следел пат до прекрасниот Дурмитор, каде ги чекала нивната следна активност – рафтинг.

Секој мора да го проба рафтингот во оваа неверојатна природа, а Огнен ни раскажува „Адреналин до небо и рај за очи. Ја скротивнме Тара и продолживме по Дрина која ни ја покажа својата големина.“ Некогаш имаш совршени временски услови, но некогаш природата ни ја покажува и својата „темна“ страна. Овој пат ги почестила со мало невреме, но убавината на овие активности е да ги искусиш во сите временски услови.

 

Потоа следело планинарење во Националниот парк Сутјеска, магијата да чекориш во единствената прашува во Европа – Перучица, посета на Трновачко Езеро и Водопадот Скакавец со неговата висина од 98 метри, а доживувањето било комплетирано со ручек под највисокиот босански врв Маглич.

 

 

Ова е нивниот начин на живот и не можат да замислат слободното време да го поминат на друг начин, кога ги запрашавме која е следната нивна дестинација, ни најавија дека планираат уште поавантуристичка локација, а на нас останува само да им посакаме многу среќа и секако, многу убави патувања!

 

 

A post shared by Ognen Ivanovski (@ognen_) on

 

 

М.Ѓ.