Категории

„Мамо ти се извинувам за се“ – емотивни пораки на една ќерка до својата мајка

Да се биде мајка претставува нераскинлив завет на љубов, а ова писмо ќе ве потсети кои извинувања и ги должите на вашата мајка

Дури тогаш кога ќе се соочиме со сите предизвици на родилтеството, почнуваме повеќе да ги цениме нашите мајки и сфаќаме дека им должиме извинување за сите белји кои сме им ги приредиле.

1.Се извинувам поради пубертетот, хормоните, наглите напади на тинејџерско лудило и неподносливо паметување. Сега знам дека тогаш не знаев ништо, иако така се однесував.

2.Се извинувам за сите искрадувања од дома, доцнења, пијанства, ненајавени писрови и тетоважи и за нови фармерки кои веднаш ги исеков.

3.Се извинувам поради спротивставувањето, инаетот и превртувањето со очите.

4.Се извинувам поради лошите момци кои спрема мене се однесуваа лошо додека ти ме учеше дека заслужувам подобро.

5.Се извинувам поради префрлувањата, моментите кога од блесава лутина сум ти зборувала дека си лоша мајка,  ти си била онаква баш каква што си требала да бидеш. Онаа која ќе ме тера да престанам да ги игнорирам сопствените грешки.

6.Најмногу се извинувам поради тоа што мислев дека да се биде мајка е твоја работа, а и дека тоа е најлесната работа на светот.

Поради тоа што потценував се што си правела за мене затоа што мислев дека тоа е твоја должност, а не знаев дека да се биде мајка е нераскинлив завет на љубовта.

Прегледи:
2095
Објавено на:
10.11.2019