„Би им докажувал на луѓето колку грешат кога мислат дека заљубувањето престанува кога ќе остарат, а не знаат дека всушност остаруваат кога ќе престанат да се заљубуваат..“
Нобеловецот Габриел Гарсија Маркес умрел на 87 години. Маркес се смета за најпознатиот писател на магичниот реализам, жанр кој ги решава митовите, магијата и реалноста, а кој најдобро се препознава во неговата приказна „Проштално писмо“.
„Би спиел помалку, а би сонувал повеќе…
Кога Бог за миг би заборавил дека сум само крпена марионета, и би ми подарил парче живот, можеби не би кажал сѐ што мислам, но несомнено би мислел се што би кажувал. Нештата би ги ценел, не по она колку вредат, туку по она што значат.
Би спиел помалку, би сонувал повеќе, би сфатил дека секој миг кој го поминуваме со затворени очи губиме шеесет секунди светлост. Би чекорел кога другите ќе застанат, би се будел кога другите ќе заспијат. Би слушал кога другите зборуваат и би уживал во сладоледот од чоколадо.
Кога Бог би ми подарил парче живот, би се облекувал едноставно, би застанал под сонцето оставајќи го отворено не само телото туку и душата. Боже мој, кога би имал срце, би ја испишувал својата омраза на лед и би чекал да изгрее сонцето.
Би ги полевал ружите со солзи, за да ја почувствувам болката во нивните трња, и страствениот бакнеж во нивните листови. Боже мој, кога би имал едно парче живот..
Не би дозволил да помине ниту еден ден, а да не им кажам на луѓето кои ги сакам дека ги сакам. Би бил заљубен во љубовта и би ги уверувал сите дека ми се најблиски. Би им докажувал на луѓето колку грешат кога мислат дека заљубувањето престанува кога ќе остарат, а не знаат дека всушност остаруваат кога ќе престанат да се заљубуваат.
На децата би им подарил крилја, но би им дозволил сами да научат да летаат.
Старите би ги подучувал дека смртта не доаѓа со староста, туку со заборавот. Толку нешта научив од вас, луѓето…
Научив дека целиот свет сака да живее на врвот на планината, а не знае дека вистинската среќа е во начинот на совладувањето на карпите. Сфатив дека кога штотуку роденото дете ќе го стегне со својата малечка дланка, по прв пат, прстот на својот татко, го фаќа засекогаш. Научив дека човек има право да гледа некого од високо единствено кога треба да му помогне да стане. Толку многу можев да научам од вас, но тоа веќе нема да ми биде од корист, затоа што кога еднаш ќе ме спакуваат во оној сандак, јас за жал ќе почнам да умирам…“