Категории

МАРТИНА МИХАЈЛОВСКА: Јас сум истата како и претходно

Нејзината убавина е сечија муза. Нејзините години поместуваат предрасуди и граници. Исклучително позитивна, уникатна и таинствена. Дама која со своите амбиции го дефинира своето влијателно постоење помеѓу младината. Младата водителка на естрадниот магазин Бекстејџ, Мартина Михајловска во модниот проект „Fashion in Skopje.

thumbnail_pl

Нина: Како всушност се најде пред широката публика со проект како Бекстејџ?

Мартина: Пред се Бекстејџ е еден проект кој дефинитивно многу и на посебен начин се разликува од останатите. По стилот, содржините кои ги нуди, хармонијата која владее таму со неверојатна екипа и како доказ на сето тоа овој естраден магазин со најдолг опстанок на македонската естрада, а јас со мое големо задоволство веќе една година сум дел од Бекстејџ. Соработката беше на иницијатива на Мики Црнокрак, кој ме предложи на таа аудиција и така започна се.

Нина: Со оглед на годините, како реагираат твоите врсници дека си веќе секаде препознатлива, па и твоите родители воедно како реагираа на сето ова?

Мартина: Многу зависи од личноста како ќе се постави во одредени ситуации. Јас сум истата како и претходно и токму поради тоа реакциите се позитивни, а што се однесува до моите родители.. Нормално, тие се мојата најголема поддршка и мотивација да продолжам понатаму.

Нина: Отсекогаш ли гаеше љубов кон манекенството?

Мартина: Јас активно се занимавам повеќе како фотомодел, што воедно ми е и прва љубов. Според мене манекенството и фотомоделството меѓусебно си носат свои убави разлики кои ги прифаќам и работам со љубов.

Нина: Која е твојата омилена манекенка на која се огледуваш?

Мартина: Многу ми е тешко да кажам дека се огледувам на некоја манекенка бидејќи тоа автоматски ме асоцира на некоја споредба, а споредбата не ја сакам во никој случај. Но, да бидеме реални секаде низ целиот свет постојат преубави манекенки и многу убави девојки што не се занимаваат со манекенство. Тешко е да се одвои.

Нина: Што преставува среќа за тебе?

Мартина: Среќата е чувство кое го поседува секој човек и секој на различен начин ја доживува среќата. За мене да си среќен значи да си здрав, да имаш еден круг исполнет со луѓе кои ги сакаш, да имаш нешто за кое ќе се бориш и ако не бидеш денес среќен, сигурно ке бидеш утре!

Нина: Дали веруваш во моќта на судбината за некои нејасни работи или сепак, станува збор за чиста случајност?

Мартина: Верувам дека се што ни се случува е со добра причина и дека не е ништо случајно. Секој индивидуален човек сам си ја гради судбината со се она што го прави и со тоа што му е направено.

Нина: Сметаш дека се уште постои искреност и добродушност меѓу луѓето?

Мартина: Искреноста и добродушноста никогаш и не си заминале од луѓето. Длабоко верувам дека се` уште постои. Но некои луѓе се толку заспани што тоа им претставува тешко да го применат меѓусебно. Од разни причини, пример: како од страв да не не` им е возвратено, да не биде погрешно сфатено, да не биде искористена нивната искреност и добра душа, но има една поговорка која многу кажува: Доброто секогаш е појако од лошото.

Нина: Многумина обожаватели ти приоѓаат. Што се треба да стори едно момче за да го освои твоето срце?

Мартина: Сепак мислам дека сето тоа се случува спонтано и непланирано во животот. Не можам конкретно да кажам што треба да направи. Многу е важна искреноста, позитивноста и добрината во таква ситуација.

Нина: Дали мислиш дека ако се родеше негде на пример на запад, твојата манекенска кариера би имала поуспешен правец?

Мартина: Cо оглед на можностите и стандардите кои ги има на запад, а ги нема тука , мое мислење е дека би можела да имам поуспешен правец, но и нема некои големи разлики помеѓу тоа, бидејки верувам дека кога може таму, може и тука да се постигне ако се сака. Само потребно е многу работа, верба и љубов.

Нина: Дали имаш слободно време за најблиските, со оглед на веќе се повеќе бројните ангажмани?

Мартина: Tочно е дека сум во период каде имам се повеќе ангажани, воедно работам и учам, но ако се сака се се може. Повеќето од времето гледам да го организирам максимално што можам, за да имам време за себе и секако, за најблиските.


Нина: И за крај, што би им препорачала на читателите на Среќа.мк ? (некоја порака)

Мартина: Морам да признаам дека посебно ми се допаѓа името на овој портал „Среќа“! Живејте го животот како ви одговара, отргнете ги негативните мисли, простувајте, смејте се и сакајте се безусловно! И секако, читајте Среќа.мк, има и зошто!

Интервјуто го направи: Николина Славковска

Фризура: Урбан артист (Милена Цапов)

Шминка: Небојша Пешевски

Облека: Бутик Инфинити

Накит: (Марија Канзурова)

Фотограф: Николина Славковска