Категории

Маска за коса од мед и кокосово масло за сува и оштетена коса

Одлична домашна маска која ќе ви помогне да ја обновите и да и ја вратите мекоста и природниот сјај на косата

Кога зборуваме за здравје и убавина, кокосовото масло е едно од најкорисните сретства кои нудат мноштво предности. Тоа е доста поволно и потполно природно.
Кокосовото масло веќе одамна е дел од козметичките производи и дава одлични резултати во негата на кожата и косата.
За да и ја вратите мекоста на вашата коса и здравиот блескав сјај, направете ја оваа маска.

Подготовка:
Во чинија, ставете 2 супени лажици ладно цедено кокосово масло и загрејте го во микобранова печка на 20 секунди.
Потоа додадете 2 супени лажици мед и мешајте се додека не добиете еднолична смеса.

Нанесете ја маската на малку влажна коса и оставете да одстои најмалку 40 минути, потоа исплакнете и измијте со шампон.

Оваа маска можете да ја користите една неделно, а резултатите се видливи веднаш по првото користење.

Прегледи:
2721
Објавено на:
24.04.2020