Категории

Меланија Трамп во елегантен фустан кој ја истакнува нејзината фигура вреден 3,700 долари

Првата дама на САД ја истакна својата завидна фигура во тегет фустан од брендот Prada

Претседателскиот пар на САД, Доналд и Меланија Трамп го угости премиерот на Израел и неговата сопруга во Белата куќа.
За оваа прилика, првата дама на САД избра фустан во тегет нијанса со интересен принт од модната куќа Prada. Фустанот со миди должина ги воодушеви модните критичари со тоа што на елегантен и префинет начин таа ја истакна својата фигура.
Целокупниот стајлинг го заокружи со високи бели потпетици од нејзиниот омилен бренд Manolo Blahnik.

Прегледи:
667
Објавено на:
19.09.2020