Веќе имавме можност да видиме што носат многубројните трендсетерки, но и оваа сезона ќе бидат актуелни за елегантни и опуштени комбинации.
Продавниците веќе ги спуштија сандалите и чевлите на намаление, а во излозите се истакнати најубавите есенски модели. Меѓу нив се истакнуваат два модели на патики кои ќе бидат најпопуларни!
1. Животински принт
View this post on Instagram
Популарноста на познатиот животински дезен не стивнува и сега од сандалите и летните фустани премина на патиките. Ќе се носи елегантниот модел на бели патики со детали прекриени со леопард, змиска кожа или зебраст дезен.
2. Голем ѓон и многу бои
View this post on Instagram
Меѓу „кежуал“ моделите на патики продолжува да доминира предимензионираниот ѓон кој одозгора ќе носи цела палета на бои, а што пошарено, тоа е помодерно оваа сезона. Во обзир доаѓаат и комбинации на бои кои инаку се сметаат за неспоиви.