Категории

Модна инспирација – Бела кошула на безброј начини

Белата кошула е must have парче во плакарот на секоја жена. Може да се стилизира на безброј начини и во секаква прилика без оглед на годишната сезона.

Таа е класично модно парче кое секогаш мора да се најде во плакарот на секоја девојка. Без оглед на тоа за која сезона се работи, можете да ја комбинирате на безброј начини, со панталони, фармерки, здолништа, дури и како фустан.
Во лето можете да ја носите над вашите бикини како наметка, а во зима под омилените плетива.
Доколку сте во потрага по модна инспирација, вие споделуваме стајлинзи од модните блогерки и како тие ја комбинираат според најновите трендови.