Категории

Модна инспирација – Црн миди фустан за секоја прилика

Најголемата модна класика на сите времиња

Од вечна модна класика, до најпопуларен тренд модел, ова модно парче е апсолутен ‘must have’ со плакарот на секоја девојка.

Малиот црн фустан држи статус на ултимативна класика во модниот свет. Во класичните кроеви, необичните силуети и модели кои красат најновите трендови, црниот фустан секоја сезона самоуверено владее со модната сцена.

Можете да го носите во секаква прилика, од утро до вечер, секогаш и секаде, со високи потпетици, рамни чевли и патики. Во продолжение ви споделуваме неколку различни модели и стајлинзи како да го носите во зависност од приликата. Инспирирајте се.