Категории

Модна опсесија: Одела во боја за извонреден деловен стил

Оваа сезона освежете ја конзервативниот и минималистички деловен стил со весели бои

Во модниот свет постојат некои непишани правила дека најчесто во зима треба да избираме темни и неутрални бои што воопшто не е потреба нити правило кое мора строго да се почитува. Кога е во прашање деловниот изглед, изборот не е баш многу широк па најчесто се избираат парчиња со класични дезени и неутрални бои. За сите оние дами кои сакаат да го освежат својот изглед со нешто ново, ултра модерно и шик, на модната сцена настапија колоритните одела кои многу брзо завладеаа со модниот свет и станаа опсесија на сите трендсетерки.
Оделата нема никогаш да престанат да бидат симбол на софистицираниот елегантен изглед, не плашете се да експериментирате и одберете одело во циклама, зелена, неон, жолта или бебешко розева нијанса. Не само што ќе изгледате супер модерно, туку воедно и свежината на тоновите ќе го подобри и вашето расположение.