Категории

Модни совети: Обувки кои НИКАКО не смеете да ги носите со капут

Овие обувки повеќе не се во тренд

Капутите се главно модно парче во студената сезона. Сепак она што е особено важно кога ги носиме, е изборот на обувки. Според советите на модни стручњаци, ви откриваме кои модели на обувки никако не одговараат со ова модно парче.

Ugg чизми
Иако многумина не го одобруваат овој изглед, многу жени сепак се задоволни и често посегнуваат по овие обувки. Овие чизми веќе неколку сезони не се воопшто актуелни и модниот свет категорично одрекува да ги врати повторно во центарот на вниманието, сепак доколку вие не се водите според трендовите и сакате да ги носите овие, ве советуваме никако да не ги носите со капут. Тие се сепак по лежерен вид на обувки.

Moon rovers чизми
Удобните и смешни чизми, предимензионирани, воопшто не изгледаат елегантно како што е капутот. Кога се работи за овие чизми, никако не ги комбинирајте со него, нив им е местото во лежерниот модерен минимализам.

Кратки чизми со многу ниска потпетица
Овој модел иако беше многу популарен, ги „пресекува“ вашите нозе и прави тие да изгледаат кратки. Особено ако ги носите со здолниште, а капутот уште повеќе ја смалува фигурата во ваквата комбинација.

Прегледи:
454
Објавено на:
15.02.2020