Категории

Модниот свет изненадува – Ова е најпопуларниот материјал за оваа зима

Некои порано не го поднесуваа

Вештачкото крзно веќе одамна е еден од водечките модни трендови. Денес претставува доста посебен и елегантен материкал кој би требало да се наоѓа во гардеробата на секоја модна фанатичка.
Вештачкото крзно во модниот свет дури и не се труди да изгледа како природното. Неговиот шарм е во тоа што во споредба со тешките капути, изгледа свежо и префинето и му дава тренд изглед на оној кој го носи.

Лажните крзнени капути спаѓаат во категоријата синтетички материјали (акрил, полиестер). Уште една предност на овој материјал е тоа што може да се најде по ниска цена и дава можност да изгледа како вистинско.

Денес водечките модни дизајнери одбиваат да користат природно крзно. Познатите брендови создаваат парчиња од вештачкото кои имаат неверојатно добар изглед. А оваа зима, по модни метрополи можеше да се забележи насекаде.