Категории

Модните експерти пресудија: Оваа боја е прогласена за најлуксузна!

Парчиња во оваа боја завземаа високо место во текот на летото, а се чини дека ќе доминираат и во текот на есента.

Експертите велат дека оваа боја му дава на секој аутфит луксузен ефект. Беж бојата стана неочекуван моден императив последниве месеци, украсувајќи многу парчиња облека, додатоци и обувки, а продолжува и во текот на следната сезона.

Експертите посочуваат дека токму оваа боја остава впечаток на облеката да изгледа скапо и елегантно.

Продавниците веќе се преплавени со парчиња во оваа боја, а најпопуларно ќе биде палто во беж.

Најмногу стилски стајлинг ќе се постигне со комбинирање на беж со детали во црвена боја, велат модните познавачи.

Црвен фустан во комбинација со беж капут ќе изгледа многу софистицирано и скапо.

Прегледи:
473
Објавено на:
26.08.2019