Категории

Моника Белучи: За мене стареењето значи станување подобра

„Првото дете го родив на 40, а второто на 45, и никогаш не би сакала повторно да имам 20 години.“

Легендарната италијанска глумица која и денес во своите 55 години претставува симбол за убавина, сексипил и женственост, отсекогаш без проблем ги споделувала своите ставови и колку тие за некого да делувале „шокантно“.
Изгледот и талентот кои ги поседува ги искористува на најдобро што можи, иако во светот на актерството се нашла сосема случајно. Баш како и нејзините улоги кои се прилично разноврсни, дури и контроверзни, истото би можело да се каже и за нејзините ставови, а тие секогаш биле цврсти и без влакна на јазикот.

Никогаш не претерувала, но исто така немала проблем да го каже она што го мисли, на општото изненадување на медиумите и јавноста.
Некои оваа нејзина особина ја окарактеризирале како снобовкс,а а други како исклучително рационална.
Па, пресудете сами.

„За ништо на светот не би сакала да имам повторно 20 години. Сега сум многу по среќна, отколку тогаш, затоа што во таа возвраст штотуку се откриваме себеси, се обидуваме да разбереме што сакаме да бидеме, патиме од несигурности. Сега точно знам што ми е потребно, и без што можам да живеам.“

„Да се биде убава на 20 години, тоа е природно. Кога сте убави и на 35 или 45 тогаш тоа е резултат на работата на себеси и внатрешната среќа.“

„Според мое мислење, глупаво е без оглед на младоста и убавината, да се стане спонзоруша и девојка на некој со длабок џеб, како и бескрајно да се троши животот на забави. Убавината ни е потребна како помош да пронајдеме хармонија, љубов и смисла во овој хаотичен свет.“

„Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие само признаваат дека сте подобри.“

„Убавината станува експресивна и интересна кога е прекриена со облека.“

„Женственост – тоа е хармонија, природност и сензуалност.“

„Не ги разбирам жените кои ги понижува машката желба. Мислам дека тие едноставно не се во склад со себеси.“

„Во младоста поседувате beautie di diable (ѓаволска убавина) како велат Французите, убавината која не ја сфаќате, која не сте ја запознале. Меѓутоа, кога имате 50, внатре во вас се раѓа убавина од друг вид, убавина која дава сила, а таа сила не е поврзана со надворешната убавина.“

„Нам не ни припаѓа ништо. Нити нашите мажи, нити деца. Ние можеме да ги поделиме чувствата, емоциите со луѓето кои ги сакаме.“

„Убавината на жената станува проблем само во два случаи: кога ја нема и кога не постои ништо освен убавина.“

„Жената може да сака така како да никогаш нема да замине, но исто така како да ќе дојде ден кога ќе замине онака како никогаш да не сакала.“

„За мене стареењето значи станување подобра.“

„Секогаш им кажувам на младите девојки: „Научете да го сакате своето тело.“ Затоа што совршенство не постои, и сосема е очигледно дека жената со облини не е помалку убава од витката девојка. Едноставно, треба да научите да се прифатите себеси онакви какви што сте.“

„Првото дете го родив на 40, а второто на 45, и никогаш не би сакала повторно да имам 20 години.“