Категории

Можеби сте уште една личност во целиот свет – Но на некого сте му целиот свет!

Никогаш не заборавајте дека секогаш постои некој кој безрезервно ве сака, онакви какви што сте!

Еден ден, еден многу богат човек се качил на поткровјето на својата куќа во потрага по својата награда која ја добил како најдобар деловен човек на годината. Пребарувајќи по кутиите, пронашол една мала тетратка на својот сега веќе возрасен син. Тоа бил неговиот дневник.

„Не се сеќавам дека некогаш сум ја видел“, помислил. Листајќи низ тетратката, на лицето му се провлече насмевка а очите му заискрија. Страниците за миг го вратија во минатото, кога во неговата куќа одекнувала смеата на своето мало дете. На некои случки потполно заборавил. Читајќи го дневникот, почнал да станува се посериозен. Увидел дека во детството на неговиот син имало и многу тажни времиња на кои тој како татко не се ни сеќавал.
„Но како е тоа возможно?“ се запрашал. „Како можи јас да не го забележав тоа?“

Тогаш се присетил дека и тој водел свој дневник, додуша деловен дневник, па отишол по него во својата библиотека. Од една полица извлекол една голема книга со кожна кориза и позлатени иницијали и ја ставил на масата покрај дневникот на својот син на кој со молив и едноставни букви пишувало Џими.
Го отворил својот дневник на местото на кое пишувало:
„Го потрошив својот ден. Бев со Џими на риболов, ништо не фатив.“
Потоа листајќи по дневникот на својот син го побарал истиот датум и ги прочитал зборовите на Џими.
„Бев со тато на риболов. Најубавиот ден во мојот живот!“

Можете да бидете само уште една личност во целиот свет, но на некоја личност – можете да му бидете целиот свет!

Прегледи:
505
Објавено на:
25.04.2020