Категории

Можеби животот не е наменет за да се заљубите во некого туку да се заљубите во себеси

Можеби, само можеби, животот е во сите оние моменти пред да се заљубите во некого. Можеби животот е кога ќе се заљубите во себе.

Можеби животот не е тоа да се најде таа голема љубов. Можеби станува збор за живеење во моментите додека траат. Можеби станува збор за жешки летни денови што ги поминувате обидувајќи се да направите уметност и наместо тоа правите неред.
Можеби станува збор за монсунските денови кога ќе ги истегнете рацете за да почувствувате како капките дожд ви ги скокоткаат дланките. Станува збор за она сензација кога забите ти тропкаат од јадењето на вашиот омилен сладолед. Можеби, само можеби, животот е во сите оние моменти пред да се заљубите во некого. Можеби животот е кога ќе се заљубите во себе.

Ветете си дека со секоја единствена клетка што постои во вашето тело, ќе живеете сега. Отворете ги очите и бидете благодарни што сте живи. Гледајте го начинот на кој сончевата светлина се излева низ вашиот прозорец и насмевнете се. Искористете ја можноста да го гледате изгрејсонцето и да се восхитувате на бескрајната убавина на небото.
Ветете си дека ќе започнете да живеете и ќе наоѓате убавина во малите нешта што ни ги дава животот. Оние попладниња кои ги поминувате возејќи низ градот пеејќи ги вашите омилени песни додека ве држи здивот. Летните ноќи. Огновите на плажа. Чувствувајќи го ветерот од брановите низ вашата коса. Сите оние мигови кога толку многу се смеевте што стомакот почна да ве боли. Виножитата после дождот, исушеното цвеќе заборавено помеѓу листовите во книгите.
Ветете си дека ќе започнете да живеете. Веднаш, точно тука.

Сакајте го вашето тело и сите негови несовршености. Погледнете во огледало и бидете благодарни за вашето постоење.
Препуштајте се на авантурите почесто. Посетувајте места кои ве оставаат без здив и ве прават истовремено толку ситни и толку големи. Трчајте боси низ тревата и танцувајте под дождот. Легнете на грб и восхитувајте се на вездите.Бидете љубезни. Бидете рамо за плачење, но не заборавајте дека ви е дозволено да плачете кога и да ви треба. Кога сакате некого, бидете брутално искрени и кажете му, всушност, извикајте го од врвот на највисоката зграда во вашиот град. Не дозволувајте да ве задржи ништо од околу.
Бидете спонтани. И смели. И доволно храбри да избере и да го живеете животот што го посакувате.
Патувањето ќе биде непријатно и понекогаш збунувачко, но бидете сигурни дека исто така ќе биде убаво и наградувачко.

Прегледи:
648
Објавено на:
25.02.2021