Категории

Мудра приказна: Дури и скршените нешта можат да создадат нешто убаво

Една легенда раскажува за еден човек кој носел вода во едно село секој ден, со помош на два големи садови врзани на парче дрво кое го носел преку рамена.

Едниот од садовите бил постар и имал мали пукнатини па секој пат кога човекот се враќал дома, половина од водата веќе била истурена.
Две години со ред човекот ја правел истата работа.
Садот кој бил понов бил горд на начинот на кој можел да ја држи водата додека постариот сад бил усрамен од тоа што не можел да ја извршува задачата за која бил наменет иако знаел дека пукнатините биле поради долгогодишната работа.

Толку усрамен, постариот сад еден ден додека чекал човекот да го наполни со вода, проговорел:
„Би сакал да се извинат за тоа што поради мојата старост ти донесуваш само половина од водата до дома“..
Човекот се насмевнал и рекол: „Кога ќе заминеме, сакам добро да го погледнеш патот по кој ќе одиме.“
Садот направил така како што му наредил човекот. По патот забележал многу цвеќиња, растенија и дрва кои растеле во околината.
„Дали гледаш колку многу убавини има на твојата страна од патот?“ – рекол човекот.

„Знам дека имаш пукнатини но одлучив да ги искористам. Посадив зеленчуци и цвеќиња таму и ти секогаш ги наводнуваш. Посадив многу ружи за да ја уредам градината, за моите деца да иммат моркови и зелка да јадат. Ако ти не беше таков каков што си, сето тоа немаше никогаш да биде создадено. Сите ние со тек на време старееме но тогаш добиваме други квалитети и тие секогаш можат да бидат искористени за нешто добро.“

-Пауло Коелјо

Прегледи:
655
Објавено на:
08.10.2020