Категории

На крајот никој нема да се сеќава на вашите победи или порази – Само едно нешто останува

Дали постигнувањата или загубите во вас ја разбудиле добрата или лошата личност, дали гледате од ведрата или од мрачната страна кон нештата.

Со текот на времето, без оглед на тоа дали сте успеале да ги остварите вашите цели или не, само едно ќе биде важно – а тоа е каква личност сте станале и колку нешта во вас се промениле. Дали постигнувањата или загубите во вас ја разбудиле добрата или лошата личност, дали гледате од ведрата или од мрачната страна кон нештата.

Целите и достигнувањата не ве дефинираат како личност, тие не зборуваат за вас, за вас зборува начинот на кој што се однесувате кога сте победник и губитник. Еден ден нема да биде важен нити трудот кој сте го вложиле, сето тоа ќе остане заборавено, но она што ќе се памти е тоа каков човек сте станале.

Никој нема да ги брои вашите медалји, нити да им аплаудира на вашите триумфи, но секогаш ќе памти како сте се однесувале кон оние кои се нашле поразени пред вас. На крајот се се сведува кон вашата душа, затоа што таа е онаа која останува после се, таа е онаа која никој друг освен вас не може да ја извалка нити да ја исчисти.

Прегледи:
619
Објавено на:
21.04.2020