Со неверојатните фотографии кои воодушевуваат, Национална Географија создаде вистински бренд, па не е ни зачудувачки фактот што е првиот бренд кој ја достигна бројката од 100 милиони следбеници на Инстаграм.
За да ја прослават бројката, тие организираа натпревар преку социјалната мрежа Инстаграм, користејќи го хаштагот #natgeo100contest. За 24 часа, собраа преку 94,000 фотографии. Тимот ги избра најдобрите, а во продолжение може да ги погледнете овие неверојатни фотографии.