Категории

Направете освежувачка маска за лице одлична за зимскиот период (РЕЦЕПТ)

Поради промените во температурата и влажноста, на кожата и се неопходни повеќе хранливи состојки во зимскиот период.

Особено проблематични се топлите простории во кои поминуваме голем дел од времето во текот на зимата, бидејќи ваквите простории дополнително ја сушат кожата. Поради тоа, важно е да се обидеме да ја хидрираме и негуваме кожата со хранливи маски.

Маските со алое вера се одлични за зимскиот период.

За да направите маска со алое вера потребно е:

  • 2 кесички со зелен чај
  • 1 лажичка алое вера гел
  • памучна газа

Отворете ја вреќичката со чај, додадете малку зовриена вода и оставете да отстои 5 минути. За две вреќички чај потребно е околу 50 мл зовриена вода.

Тргнете ги вреќичките и натопете ја памучната газа со чајот. Алое вера гелот полека нанесете го на лицето, вратот и деколтето со кружни движења.

Кога ќе го нанесете гелот ставете ја преку лице газата натопена со чај. Оставете ја маската 10-15 минути. Тргнете ја од лицето и измијте го со млака вода.

Прегледи:
600
Објавено на:
28.12.2018