Категории

Насмевки и многу позитивна енергија: PowerHouse Pilates успешната 2018 година ја крунисаа со забава!

Основачите на пилатесот кај нас, PowerHouse Pilates изминатата недела прославија уште една успешна година, традиционално приредувајќи весела забава за членовите и соработниците.

Во изминатата година, преку динамичните и професионални часови, тимот од инструкторки воведоа нова култура во начинот на живот пренесувајќи го спортувањето во секојдневието. Токму тие се главните „виновници“ за убавиот изглед и обликуваните тела на девојките низ нашиот град, а доказ за тоа се фотографиите кои може да ги погледнете во продолжение.

На крајот од оваа 2018. година, направете си агенда за новата година и исполнете го слободното време со физичка активност грижејќи се за своето тело и изглед. Пилатесот е вистинскиот избор за секоја жена, а во PowerHouse Pilates вежбањето не е обврска, туку задоволство!