Категории

НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЈА КОИ ТИПОВИ НА ЛУЃЕ СЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗА КОМАРЦИТЕ

Сте забележале ли дека има луѓе кои постојано се жалат дека имаат премногу убоди од комарци, додека некои со години не биле каснати од комарец? 

Сега постои и научен доказ зошто некои луѓе се постојано мета за комарците. Научниците направиле одредени истражувања и на крајот резултатите покажале зошто некои луѓе се попривлечни за комарците за разлика од другите. Еве кои типови на луѓе комарците најчесто ги напаѓаат, па проверете дали и вие сте дел од нив.

Бремени жени

Комарците ги привлекува јаглерод диоксидот кој луѓето го создаваат при дишењето. Бремените жени создаваат поголемо количесто на јаглерод диоксид, поради тоа комарците повеќе ги напаѓаат нив.

Спортисти

Нека не ве чуди доколку за време на вежбањето или трчањето ве нападнат голем број на комарци. Тоа се случува бидејќи за време на вежбањето вашите мускули активно создаваат млечна киселина, која за жал е омилена на комарците.

Луѓето кои пијат лкохол

Научниците тврдат дека со внесување на алкохол во организмот се зголемува телесната температура и со тоа станувате попривлечни за комарците. Комарците ги привлекува специфичниот мирис на алкохолот.

Припадници на нулта крвна група

Истражувањата покажале дека луѓето со нулта крвна група се попривлечни за комарците од луѓето со други крвни групи. Докажано е дека веројатноста комарецот да касне лице со нулта крвна група е 83%. Оние кои имаат А крвна група се најмалку привлечни за комарците.

Прегледи:
395
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
01.08.2016