Категории

Не е се црно како што ви изгледа – Од другата страна на мракот секогаш стои светлина!

Дали станавте утрово без страв? Без грч и болка? Дали станавте утрово без да погледнете што направивте вчера и што кажа некој за тоа? Дали станавте утрово без воопшто да размислувате за проблемите што може да ги донесе овој ден? Дали станавте утрово и рековте дека денес ќе биде убав ден? Ако го сторивте тоа, тогаш вие сте богат човек. Без разлика колку пари имате на сметката. Вие сте богат човек со тоа што го имате во душата. Не само богат, туку и среќен човек. Затоа што вие така одлучивте.

Немој да мислиш дека тоа е мала работа,немој да ги затвараш очите. Нема секогаш се да биде идеално. Не ги затворајте очите пред проблемите дома и на работа. Ќе ги има, но не засекогаш. Но, само едно нешто треба запаметите, да не им давате предност! Не е црнилото на животот што го заслужува вашиот внатрешен свет. Дајте му убавина. И ќе ја имате потребната сила за да преживеете.

Прегледи:
389
Објавено на:
19.12.2021