Категории

Не гледај назад кон пропуштените шанси – Гледај напред кон она што допрва следи!

Не гледајте назад кон пропуштените прилики, не вреди да оплакувате нешто кое што поминало и да ја пропуштате сегашноста која ви поминува позади грб. 

Не гледајте назад кон пропуштените прилики, не вреди да оплакувате нешто кое што поминало и да ја пропуштате сегашноста која ви изминува позади грб.
Немојте да се споредувате со другите луѓе и да мислите дека животот бил премногу добар со нив додека вас ве следи само несреќа. Сите поминуваат низ болка но она што го прави нивниот пат поразличен е начинот на кој тие се справуваат со неа.
Додека вие одбирате да се сожалувате и да тагувате, некој друг и се спротивставува и ја претвора во своја цврстина.

Не ви е потребно туѓи бодрење нити пофалби дека поседувате храброст. Единствено што ви е потребно е да се убедите себеси во тоа и да ве води само вашиот глас.
Немојте да дозоволите пропуштените шанси да ве измамат дека повеќе нема да добиете нити една доволно добра, се зависи само од вас и начинот на кој вие се соочувате со нив. Понекогаш дури и оние кои се чинат лоши и премногу ризични, можат да бидат многу подобри од оние кои се чинеле идеални.

Прегледи:
519
Објавено на:
22.04.2020