Категории

Не грижи се за оние кои ти зборуваат зад грб – тие секогаш ќе останат позади тебе

Целиот живот ќе го потрошат стоејќи зад туѓите грбови, остави ги да зборуваат. 

Никогаш нема да можеш да ги замолчиш нивните усти. Тие луѓе никогаш нема да станат херои во својот живот, никогаш нема да ја имаат главната улога затоа што се премногу зафатени да бидат неми статисти и да надгледуваат што се случува во туѓите животи. Тие никогаш нема да постигнат успех, затоа што се премногу зафатени осудувајќи го туѓиот.
Целиот живот ќе го потрошат стоејќи зад туѓите грбови, остави ги да зборуваат.

Зарем би си дозволил да ја потрошиш секоја скапоцена секунда од твојот живот на тоа што некој кој е толку уморен од својот живот има да каже за тоа како некој треба да живее?
Зарем таквите ситни луѓе се вредни за твоето внимание?

Не. Продолжи да гледаш напред пред себе и да ја градиш својата иднина, тие луѓе секогаш ќе зборуваат позади твојот грб, и секогаш ќе останат позади тебе, нивната позиција доволно покажува за тоа која е нивната улога во вашиот живот!

Прегледи:
1144
Објавено на:
17.04.2020