Категории

Не одмаздувај се – само ќе си ги извалкаш рацете!

Зошто силните луѓе и препуштаат на кармата да се погрижи за сите оние кои ги повредиле

 

Додека многумина мислат како да пронајдат олеснување и како лично да им се одмаздат на луѓето кои нешто им погрешиле, силните луѓе знаат да ја пуштат кармата да ја изврши валканата работа. Што ќе посееш тоа и ќе жнееш, така да одмаздата не е неопходна и постојат силни причини зошто е тоа така.

Луѓето кои се осветуваат и прават лоши нешта, истото ќе ги стигне порано или подоцна. Кога кармата удира, таа не промаршува, и удира со еднаква сила како и личноста која направла злоба. Кога гледате како некој го добива она што го заслужува, задоволството е поголемо отколку самите да се одмаздувате.
Мудрите луѓе знаат дека не можат да се борат со целиот свет одеднаш. Важно е да запамтите дека на крајот на денот тоа е контрапродуктивно. Желбата за одмазда често се претвора и во омраза, а таа не е вредна за вашата енергија.

Англискиот поет и мислител Џорџ Херберт кој живеел во 17 век рекол нешто многу добро и важно: „Добриот живот е најдобра одмазда“. Херберт бил во право. Најдобриот начин да им се одмаздите на оние кои ве злоупотребувале е да го живеете животот на најдобриот можен начин.
Вашиот успех е најважно нешто, а оние кои во минатото ви направиле зло ќе му завидуваат на вашиот успех и ќе жалаат за тоа што немаат удел во него.

Прегледи:
876
Објавено на:
14.12.2019