Категории

Не плашете се да изгубите некој – плашете се да се изгубите себеси

Немојте да се плашите од загубите во својот живот било да се работи за луѓе или нешта, плашете се единствено да се изгубите себеси.

Затоа што се може да се надохнади. Кога некои луѓе ќе заминат, или ќе ги изгубите, се отвара место за да пристигнат други луѓе. Кога ќе изгубите некои нешта кои ви прираснале за срце во вашиот живот се отвара простор за многу поголеми скапоцености, за она што е вистински вредно, за она што може да ви донесе ново исполнување.

Немојте да се плашите за загубите во вашиот живот, затоа што животот не е ништо друго освен низа на загуби. Од самото раѓање губиме едно за да примиме друго, умираме еднаш за да оживееме за друго. Немојте да се плашите од загубите, прашајте се само што значат тие, прашајте се само кои промени ќе ви ги донесат и кои врати ќе се отворат кога ќе се случат, кон какви можности водат. Прашајте се како ќе се вика новото поглавје во вашиот живот после тие загуби.

Немојте да се плашите од загубите во вашиот живот, плашете се да не ги прифатите со отворена рака, да останете во жалење за она што било и поминало, да останете преплашени пред новата животна можност која ви се нуди. Плашете се единствено да не се изгубите себеси, затоа што само таа загуба никој и ништо не може да ви ја врати нити надохнади, после таа загуба ништо веќе нема да биде исто, тоа е единствената загуба која е важна.

Низ вашиот живот ќе поминат многу луѓе, ќе ви биде драго што некои само туку така прелетале, некои можеби ќе ви предизвикаат многу тага и болка кога ќе ги загубите. Но животот е пат и никој никого не го следи вечно, никој на никого не се претплатил. Сите искуства се тука за да пронајдеме некоја причина за живот и да сфатиме дека не сме тука за стално. Додека сме тука, треба само да ги сакаме оние кои сакаат да останат во нашиот живот додека треба, сите имаме различен пат, со некои едноставно само треба да се рамзминеме.

Прегледи:
506
Објавено на:
21.01.2020