Она што е најважно е по тој пат да не се изгубите себеси и да не дозволите стравот од самотијата да управува со вас.
Самотијата не е најстрашното нешто на овој свет. Напротив, самотијата е дел од секое човечко суштество. Секој човек се раѓа и умира сам што докажува дека може да функционира потполно нормално самиот со себе. Во животот можат да се случат многу нешта, некогаш ненамерно да изгубите драга личност поради некои банални работи, понекогаш животот ви ги одзема оние најсаканите и прави да се чувствувате како повеќе да не припаѓате никому и немате свое место на овој свет. Но вистината е таа дека тоа не е воопшто вистина. Вие му припаѓате на овој свет и тој е дел од вас. Секогаш постои место кое може да стане ваш дом и да се чувствувате како да припаѓате во него.
Она што е најважно е по тој пат да не се изгубите себеси и да не дозволите стравот од самотијата да управува со вас. Самотијата е единствениот начин да се откриете себеси и да го запознаете своето срце, вашите најдлабоки желби и потреби.
Кога еднаш ќе склучите мир со себе и ќе ви годи сопственото друштво, ќе почнете да уживате во сопствените мисли, нема никогаш да гледате на тоа како на нешто страшно.
Самотијата во друштво е многу полоша. Тогаш кога покрај себе имате еден куп луѓе кои и всушност не е се вистински покрај вас. Нивното срце и душа одамна заминале по некој друг пат, не ги чувствувате блиски и не ги препознавате дури и кога ве гледаат во очи. А тоа е најлошата самотија која може да ја запознаете.
Бидете среќни со себеси и покрај себеси, затоа што на крајот од денот никогаш не можете да се напуштите себеси што и да се случува околу вас.