Категории

Не сакате постојано да се шминкате, а сепак да ги истакнете очите? Свилени трепки за совршен изглед!

Надградбата на трепки стана вистински тренд во светот на убаната и еден од најпрактичните начини да добиете густи, долги и убави трепки какви што отсекогаш сте посакувале. Оваа техника освен што совршено ги истакнува вашите очи, исто така ве ослободува од нанесувањето на маскара од 4 до 6 недели.

Доколку планирате да го направите овој третман, задолжително обратете се кај студиото за убавина La Sensa кои се експерти во создавањето на прекрасни свилени трепки. Што треба да знаете пред да ги добиете совршените трепки?

Трепките се лепат на вашите – Она што најпрво треба да го знаете е дека обучената техничарка од La Sensa свилените трепки ќе ги лепи на вашите. Служејќи се со пинцета ќе ги нареди вештачките на коренот на вашите природни трепки за изгледот да биде потполно природен. Поради јачината и густината на свилените трепки ефектот кој го посакувавте веднаш ќе биде постигнат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼 𝗟𝗮 𝗦𝗲𝗻𝘀𝗮 (@lasensa.studio) on


Не се сите техничари исти – Пред да се решите на овој третман одберете проверен салон кој работи само со квалитетна козметика и препарати. Токму таков салон е La Sensa, па затоа можете без проблем целата доверба да им ја препуштите на тимот и да добиете трепки какви што сте посакувале отсекогаш.

Трепките може да се прилагодуваат на вашите желби – Токму како и секоја друга надградба и третманот за надградба на трепки може да се прилагоди на вашите желби. Природен изглед или пак впечатливи трепки – изборот е ваш. Тимот на La Sensa ќе ги исполни сите ваши желби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼 𝗟𝗮 𝗦𝗲𝗻𝘀𝗮 (@lasensa.studio) on


Одржувајте ги правилно трепките – Откако ќе ги добиете своите свилени трепки, треба да знаете дека е неопходно редовно да ги одржувате и негувате. Чешлањето секое утро е клучно поради тоа што овие трепки може да се замрсат и секако пред спиење отстранувајте ја маскарата доколку ја имате нанесено. Трепките без разлика дали се природни или свилени треба да ги одржувате чисти, бидејќи нивната главна улога е да го штитат окото од нечистотиите во воздухот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼 𝗟𝗮 𝗦𝗲𝗻𝘀𝗮 (@lasensa.studio) on


Се ближи летото и топлите денови се веќе присутни во нашиот град, ослободете го вашето лице од шминката, дозволете професионалниот тим на La Sensa да се погрижи да добиете совршени свилени трепки кои ќе му дадат посебна свежина на вашето лице истакнувајќи ги очите на сосема природен начин. Закажете го својот термин и уживајте во својот нов изглед!