Категории

Не се стреми кон совршенство – Реалноста е многу поубава

Не мораш секогаш да ги задоволуваш туѓите очекувања, а и не треба. 

Немој да бидеш премногу суров кон себеси. Вози се под врелото сонце и чекори под темнината со високо подигната глава. Ништо во животот не е лесно а и не ни треба да биде. Да сакаш е тешко, луѓето се тешки, а и учењето нови нешта за себеси.

Биди нежен спрема себеси, спрема својот ум, душа и тело. Давај си време на себеси тогаш кога сметаш дека не можеш повеќе, кога се бориш за воздух од сите нешта кои те гушат.

Не мораш секогаш да ги задоволуваш туѓите очекувања, а и не треба. Не треба да се променуваш за никого, треба да бидеш во мир со себеси и знај дека уште многу пати ќе направиш грешки и ќе научиш уште многу нешта од сето тоа.

Не се стреми кон совршеност, затоа што никогаш нема да ја достигнеш, ништо во животот не е совршено, а кога еднаш ќе се помириш со тоа и ќе го прифатиш, тогаш ќе сфатиш колку реалноста е многу поубава.

Прегледи:
463
Објавено на:
05.07.2020