Категории

Не се задоволувајте со ништо помалку – Вие заслужувате да бидете сакани онака како што сакате!

Животот секое утро го носи најдоброто со луѓето од кои најмалку сте го очекувале и тоа во момент кога не сте го имале тоа на ум. Работите едноставно се совпаѓаат и животот ве изненадува. Но, треба да му дозволите само имајте повеќе самодоверба. Затоа оставете ги сите тие празни планови! Кој, кога, каде, како, зошто. Запомнете колку убави моменти имало кога не сте планирале ништо и се случила магија која никогаш повеќе нема да се повтори.

Има голема разлика дали ќе го изберете животот што го живеете денес затоа што морате или затоа што сакате. Што и да одберете, обидете се да вложите малку повеќе срце во секој ден. Помалку прашувајте се што некој ќе каже и помалку со мислите да бидете таму каде што не сте, а повеќе со тоа каде што е вашето тело. Никој близок до вас не може да ви ги залечи раните колку колку вие самите. Бидете својот најдобар пријател денес! И не се согласувајте со ништо помалку од тоа да се сакате себеси, да се почитувате себеси и да се цените како што заслужувате. И убавината и радоста на животот се вовлекуваат во сето тоа сами по себе.

Прегледи:
427
Објавено на:
09.03.2022