Категории

Не сум тука за да им удоволувам на другите – Тука живеам за мене!

Не сум тука да се мешам во туѓи животи и да се интересирам за нив, затоа што едноставно ми е гајле.

Не сум тука за да исполнувам туѓи очекувања, особено не очекувања на оние за кои не  ни знам како им гласат очекувањата, затоа што никогаш јасно и гласно не ми ги кажале. А не ги кажале, затоа што сметаат дека тоа се подразбира..
Не сум тука за секогаш да бидам одлично расположена и насмеана, затоа што има периоди кога тоа не сум, а да глумам не сакам и не знам.
Не сум тука за да бидам верна покорна женичка. Не го можам тоа, не знам, јас не сум таа.
Не сум тука да молчам за насилството и неправдата. Затоа што ако молчам, јас сум дел од тоа, учествувам и со молчењето ја поддржувам. А тоа не умеам да бидам, и ќе речам – Не, благодарам!

Не сум тука за да пропуштам шанси кои ми се појавуваат и укажуваат. Како да не ги сакам сега?
Не сум тука за да ласкам и да се смешка и потврдувам се што ќе ми се исплука.
Не сум тука за да кукам и во се да барам маана и грешка. Тоа го уморува човек, а уморот штети на тенот.
Не сум тука за да продавам морал и однесување кое можеби поголемиот дел го поддржува затоа што тој дел не ми ги плаќа сметките нити се грижи за мене.
Не сум тука за да си го мачам мозокот со „што би било ако би било?“ Се е онака како што треба да биде. Колку и да не верувам во некои ситуации, животот ме научи дека сепак тоа треба да биде така.
Не сум тука за да го поминам животот само работејќи. Повеќе сакам да патувам, да се дружам, да уживам и да спијам.
Не сум тука за да бидам тип-топ средена убавица, затоа што не сум убавица и не гледам смисла во шминкањето, туку повеќе во тоа колку мојот е ум е „нашминкан“.
Не сум тука да трчам по некој кој не сака да чекори покрај мене.
Не сум тука да се мештам во туѓи животи и да се интересирам за нив, затоа што едноставно ми е гајле.
Не ме интерсира. Тука сум за да живеам за мене!

Прегледи:
581
Објавено на:
23.11.2019