Категории

Не ви е потребно ничие одобрување за да го живеете својот живот

Не му должите објаснување на никого. Не морате да се правдате, ниту да барате нечија дозвола за да го живеете својот живот, за да бидете мирни, среќни и исполнети.

Затоа што и онака, секој има своја вистина и свое гледиште на нештата. И своја идеа како би требало да живеете вие, и тоа најчесто оние кои не живеат среќен и исполнет живот.
Затоа живејте по свое. А останатите ќе го почитуваат тоа колку и вие самите што го почитувате. И ќе ве сакаат колку и вие што се сакате самите себеси.
И ќе бидат покрај вас ако се вистински, ако не тогаш не ви се потребни.

Ако чекорите храбро по својот пат, луѓето покрај вас ќе се менуваат. Кон она посилното и поавтентичното. Без оглед на се.
Затоа бидете свои. Не грижете се за останатото, затоа што и онака патот е сложен.
Не сте родени да бидите нечија копија, туку најдобар можен оригинал. Ѕвезда! И тоа најсјајната која може да биди.
Затоа што на светот му се потребни луѓе како вас и колку да мислите дека не сте толку важни. Вие сте, ите како! Затоа одете и живејте ја сопствената смисла. Сето останато е бесмислено!

Прегледи:
620
Објавено на:
12.02.2020