Категории

Нема да можете да и одолеете: Фризура што ќе биде број еден оваа есен!

Есента е совршено време за промена на фризурата. Оваа фризура беше исклучително популарна и минатата есен, но многу дами ќе ја обожаваат и оваа.

После летото, поради штетните ефекти на сонцето и солена вода, скратувањето на косата е одличен потег. Не само што ќе имате сосема нов изглед, туку ќе имате и совршено здрава коса.

Трендот го започна Џенифер Лопез кога неодамна се појави на еден настан со токму ваква стилизирана коса. Станува збор за лоб фризура. Карактеристично за оваа фризура се подолгите предни краеви во споредба со задниот дел.

Одговара добро за секоја форма на лице и исто така е лесна за стилизирање.

Ако имате тркалезно или овално лице, нека должината на лобот е до рамената, никако пократка.

Ако имате издолжено лице, должината може да биде пократка.

Постојат неколку варијации на оваа фризура. Може да биде слоевита или едноставно рамна, во зависност од тоа како ви се допаѓа. Овој стил веќе освои многу дами кои решија да се збогуваат со нивната долга коса.

Прегледи:
587
Објавено на:
08.09.2019