Категории

Нема да се нагледа добро оној во чие срце царува омразата

Не е среќата во материјалните нешта, туку во начинот на кој гледаме на светот. Тоа е важно.

Колку повеќе стареам, се повеќе ме исполнуваат ситните задоволства кои животот ми ги пружи и се појасно сфаќам каде треба да ги барам вистинските избори на радост и смисла. Не е среќата во опипливите нешта нити оние кои донесуваат моментално задоволство, тоа треба да се запомни.

Научив дека да се биде сакан не значи ништо, а да сакаш значи се, тоа е способност да чувствуваме се што дава вредност и убавина во нашето постоење. Така живееме подобар живот.
Парите не се ништо, моќта не е ништо. Многумина го имаат и едното и другото, а сепак се несреќни. Убавината не е ништо. Забелжав убави мажи и жени кои биле несреќни и покрај својата убавина. Ни здравјето не е се, секој е здрав доколку така се чувствува.

Имало болни полни со живот кои го негувале до самиот крај и имало и здрави кои венеле мачејќи се со стравот од страдањето. Но среќата секогаш била таму каде што некој знаел да сака и живеел со своите чувства. Важно е да си биде благодарен на се што се има.

Убавината не му пружи радост на оној кој ја поседува, туку на оној кој знае да ја сака и да и се восхитува. Исполнете го срцето со љубов ако сакате исполнет живот. Нема да се нагледа среќа оној во чие срце владее негативност.

Прегледи:
477
Објавено на:
05.02.2020