Категории

Немој да се трудиш да им се допаднеш на луѓето – Некои не си се допаѓаат ни самите на себеси


Секој оној кој е љубоморен на човек кој ја пронашол среќата во некои нешта е некој кој би требало строго да го одбегнуваш. 

Знаеш ли што е важно? Не она што мислат твоите пријатели, нити луѓето кои некогаш биле твои пријатели, а никако што мислат оние кои не те познаваат.
Никој нема право на свое мислење кога се работи за твојот живот, само ти го имаш тоа право.
Твојот живот е само твој и за него одговараш само ти.

Твоето тело не е ничија сопственост, твоите одлуки не се ничија работа а твоите одлуки не се ничија одговорност.
Можеби некој ќе мисли дека си премногу отворен и прифаќаш секакви луѓе во својот живот, друг ќе рече дека си студен и далечен, но тоа е твој избор и никој нема право да ги преиспитува твоите решенија.

Некои ќе те критикуваат поради тоа што сакаш да ги поминуваш викендите сам во својот мал свет, а некому ќе му смета што одиш на журки во понеделник и тоа не треба да те засега, важно е тоа што си пронашол нешто кое те исполнува и те прави среќен.

Секој оној кој е љубоморен на човек кој ја пронашол среќата во некои нешта е некој кој би требало строго да го одбегнуваш. Престани да се извинуваш за своите одлуки и начинот на кој го живееш својот живот. Немој никогаш да се менуваш себеси за да им се допаднеш на другите луѓе, некои од нив не си се допаѓаат нити на самите на себеси.

Прегледи:
812
Објавено на:
15.07.2020