Категории

Нешта кои само ПАМЕТНИТЕ луѓе ги зборуваат сами за себе

Понекогаш во животот се соочуваме со нешта кои ги тестираат нашите нерви и исклучително е важно во таквите мигови на криза, да не дозволуваме нашиот дух да се сруши туку да пронајдеме сила и да продолжиме напред.

Ова се нештата кои паметните луѓе си ги зборуваат сами на себе кога ќе се најдат во ваква ситуација. Овие нешта можат да ви помогнат да ги совладате препреките.

-„Јас не можам да контролирам се што ми се случува; можам само да го контролирам начинот на кој реагирам на она што ми се случува. Моќта е во мојата реакција.“

-„Нема да се грижам околу она што би можело да биде и што би требало да биде. Наместо тоа ќе побарам помош и можност во она што се случува токму сега.“

-„Морам да прифатам се што ми се случува и едно важно нешто е да го прифатам најдобро што можам.“

-„Секогаш е подообро да грешиш отколку да глумиш совршенство.“

-„Никогаш нема да бидам толку добар како што ми зборуваат сите кога победувам, нити некогаш ќе бидам толку лош како што мислам за себеси кога губам.“

-„Ќе мислам помалку за решавање на сопствените проблеми, а повеќе за обиколување на сопствениот начин на размислување. Ќе останам позитивен.“

-„Предизвикот станува само препрека ако му се посветам.“

-„Ќе се опоравам после секој неуспех. Што побрзо се опоравам од неуспехот, побрзо ќе стигнам до целта која сакам да ја остварам во животот.“

-„Нема да се кријам од сопствените стравови, затоа што знам дека тие не се тука за да ме исплашат. Тие се тука за да ми покажат дека нешто вредам.“

-„Постои голема разлика помеѓу празниот умор и задоволството на исцрпеноста. Животот е прекраток. Ќе се занимавам со активности кои ме придвижуваат.“

-„Не можам да го изградам својот углед на темел на она што можеби ќе го направам еден ден.“

-„Иднината може да се разликува од сегашноста,а јас – баш сега, имам моќ да ја обликувам.“

-„Среќата ќе дојде до мене кога ќе почне да поаѓа од мене.“

Прегледи:
490
Објавено на:
27.12.2019