Категории

Неверојатно чудотворни – Што прави консумирањето неколку БАДЕМИ на ден во вашето тело

Тие се исклучително здрави и полни со витамини и минерали

Бадемите содржат витамини А,Ц,Д,Е,К, тијамин Б1, рибофлавин Б2, нијацин Б3, витамин Б5, витамин Б6, фолат Б9, холин.
Од минерали содржат – калциум, бакар, железо, магнезиум, манган, фосфор, калиум, селен, натриум, цинк.
Содржат и заситени, монозаситени, полизаситени масти, јаглени хидрати, протеини и значајна количина на вода.
Ваквиот состав на бадемот го прави една чудесна намирница која помага при зачувувањето на здравјето и убавината.

Бадемите штитат од срцев удар и го намалуваат холестеролот
Доколку заситените маснотии од месото и млекото ги замените со бадем, нема воопшто простор за грижа околу срцевите заболувања. На тоа допринесуваат монозаситените масни киселини, минерали и витамин Е, на кој исто така му се припишува способноста за снижување на холестеролот. Бадемите поседуваат пробиотички својства и допринесуваат врз здравјето на органите за варење.

Бадемите го контролираат шеќерот во крвта и го чуваат нервниот систем
Истражувањата покажаа дека бадемот поволно влијае врз шеќерот во крвта. Доволно е да изедете 100 грама бадеми секој ден и нивото на шеќер во крвта ќе биде на задоволувачко ниво. Освен тоа, бакарот и манганот кои ги има во оваа намирница го чуваат нервниот и ендокриниот систем, ја одржуваат цврстината и здравјето на коските, нормалниот крвен притисок и ја поттикнуваат нормалната функција на штитната жлезда.

За трудниците и интолерантните на лактоза
Се смета дека 30 грама бадеми на ден и пола шолја млеко содржат иста количина на калциум, поради тоа им се препорачува оние кои не сакаат млечни производи или се интолерантни на лактоза.
Бидејќи содржат и голема количина на фолна киселина, им се препорачуваат и на трудниците.

Бадемово масло против стареење
Производите од бадем допринесуваат за здравјето на кожата. Ја одржуваат нејзината влажност, ја ублажуваат иритацијата и ги спречуваат знаците на стареење, подочњаци и стрии. Доволно е есенцијалното масло да го нанесувате на лицето или телото секоја вечер пред спиење и ефектот ќе биде влидлив после првата недела на користење.

Прегледи:
574
Објавено на:
13.03.2020