Категории

Ни пристига нов тренд од Анџелина Џоли (фото)

Веќе знаеме дека Анџелина Џоли е една од оние ѕвезди кои многу лесно лансираат нов тренд, а како што изгледа, овојпат нов шик стил е на повидок.

Анџелина Џоли во улога на амбасадорка на добрата воља при УНХЦР минатата недела ја посети Грција и се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Во таа прилика Анџелина облекла минималистички црн миди-фустан кој одлично го искомбинирала со не така формални чизми. Атрактивната холивудска актерка покажала на овој начин дека и формалната облека може да се искомбинира со додатоци така што да изгледа и модерно, но и автентично.

Прегледи:
412
Објавено на:
23.03.2016